Утре се носи големата одлука во Арсенал?

by
1 минути читање

Иако има голема
поделеност меѓу фановите на премиерлигашот од Лондон, дали е вистински тајминг
францускиот стратег да се повлече од кормилото на Арсенал, или да остане и во
иднина, сепак утрешниот ден се чини дека и дефинитивно ќе даде официјален
одговор на ова прашање.

Како што
пренесува американскиот сајт на „ЕСПН“, се вели дека раководството на Арсенал
донело одлука да ја продолжи соработката со Арсен Венгер.

Неофицијално,
новиот договор за Венгер бил договорен уште во ноември ланската година, но не
бил потпишан и официјализиран, па како што стојат работите истиот би требало да
биде претставен на јавноста во текот на утрешниот ден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани