73
Според
информациите кои се објавени на официјалниот клупски сајт на Вардар, се вели
дека натпреварот од последното, 36. коло од Првата лига на Македонија „црвено-црните“
ќе го одиграат на стадионот во Ѓорче Петров.
Сево ова доаѓа по
неможноста истиот меч да се одигра на „Националната Арена Филип Втори“.
Со тоа, на мечот
во Ѓорче Петров, тимот на Гоце Седлоски ќе го подигне и шампионскиот пехар за оваа
сезона.
Мечот меѓу Вардар
и Силекс е предвиден да се одигра оваа среда во терминот од 16 часот и 30
минути.
За Вардар ова ќе
биде трета редоследна титула во домашниот фудбалски шампионат, летово ќе игра
во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
Извор/Фото:
ФК Вардар