Интересна трансфер битка се разгорува помеѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид за талентираниот Лени Јоро, Лил прифати понуда на „ѓаволите“ вредна 50 милиони евра, плус бонуси.
18 годишниот Лени Јоро важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа, па е во бележникот на многу клубови.
По одлуката на Начо да се пресели во Саудиска Арабија, Реал Мадрид како приоритет го постави неговиот ангажман, но преговорите со Лил тапкаат во место и понудата од 35 милиони евра не е доволна.
Целата ситуација дополнително се закомпликува денеска откако Манчестер јунајтед на маса стави 50 милиони евра, плус бонуси и Лил експресно го прифати прдлогот на „ѓаволите“.
На Флорентино Перез не му се допадна ова, смета дека ова е обид за уцена, па одговорил на сличен начин, и се заканил дека беспари ќе им го земе играчот.
Имено, Лени Јоро е под договор со Лил до јуни 2025, па Реал го убедува да ги почека една сезона, и потоа како слободен играч да се пресели во Мадрид. Останува да се види кој ќе испадне како победник во ова надмудрување.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.