Златан Ибрахимовиќ брутален, испрати двајца првотимци на Милан во трета лига

by bojan
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ денеска откри дека Дивок Ориги и Фоде Бало Туре не се дел од плановите на Милан за сезоната 2024/25, па се прекомандувани во резервниот тим кој настапува во трета лига.

Двајца играчи на „росонерите“ се најдоа во немилост кај Златан Ибрахимовиќ.

На денешната прес-конференција, на која Пауло Фонсека беше промовиран како нов тренер, Златан Ибрахимовиќ откри дека Дивок Ориги и Фоде Бало Туре се прекомандувани во Милан Футуро, резервниот тим кој настапува во трета лига.

„Ориги и Бало Туре добија повик, но за во Милан Футуро. Тие нема да бидат дел од првиот тим“ – порача поранешниот напаѓач.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани