Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Никлас Зиле повторно е во фокусот на германската спортска јавност откако се вратил на подготовките за новата сезона со 110 килограми.
Во финишот на минатата сезона на две недели пред финалето во Лигата на шампиони, Никлас Зиле доби многу замерки откако се појавија фотографии на кои јасно се гледа дека има вишок килограми.
Како што пренесуваат медиумите, ситуацијата не е многу променета ниту сега, дефанзивецот се вратил на подготовките со 110 килограми.
Во Борусија Дортмунд биле шокирани, особено што Никлас Зиле е еден од најплатените во тимот и има плата од околу 14 милиони евра по сезона.
Се шпекулира дека директорите Ларс Рикен и Себастијан Кел веднаш разговарале со Никлас Зиле, и му бил одреден личен тренер кој ќе контролира колку калории и протеини внесува во текот на денот.
Во меѓувреме, поранешниот фудбалер Маркус Бабел вели дека ваквото однесување е неприфатливо.
„Срамно е да заработувате толку многу пари, а да велите,„гајле ми е како изгледам, гајле ми е што мисли клубот“. Не можете да им кажете на луѓето во Борусија Дортмунд, „Момци, жали ми е, толку беше од мене. Заработив убави пари и сакам да живеам“. Не можете така“ – вели Маркус Бабел.
Markus Babbel on Niklas Süle: “I find it almost outrageous to earn so much money and then say: I don’t care how I look. I don’t care what the club thinks of me. I think that’s not okay. Everything he does is fine. But then tell Borussia Dortmund: ‘Hey guys, I’m sorry. I’ve had… pic.twitter.com/tNEuDgtk3Z
— ari (@aritrabvb1909) July 6, 2024