Според последните информации селекторот на Франција, Дидие Дешам планира да направи измени во составот за полуфиналето на Европското првенство, а се најавува дека „жртвата“ ќе биде Антоан Гризман.
Францускиот напаѓач би можел да остане на клупата поради тактичките замисли на Дешамп. Наводно, Дешамп сака неговата селекција да бидеп поцврста во одбраната поради добрата игра во нападот која ја прикажа Шпанија на ова Европско првенство.
Засега не е познато кој ќе го замени Гризман во стартните 11, меѓутоа би требало да биде фудбалер кој подобро игра во одбраната.
Гризман досега настапи на сите пет натпревари на „петлите“. Против Австрија, Холандија и Белгија одигра по 90 минути, против Полска 30, а против Португалија 67 минути.