Карим Бензема како голема ѕвезда на европскиот и светскиот фудбал пристигна во Ал Итихад, но проблемите започнаа уште во вториот дел од сезоната кој Французинот го пропушти официјално поради повреда на коленото, меѓутоа јавноста смета дека во прашање беше конфликт со управата и тренерот.
Поранешниот ас на Реал Мадрид сакаше да има големо влијание и надвор од теренот, па така цената ја плаќаа тренерите Нуно Еспирито Санто и Марсело Гаљардо кои си заминаа. Како нов тренер на саудискиот клуб во претходниот период се најавуваше Италијанецот Стефано Пиоли.
Но, Бензема изгледа мисли поинаку.
Освојувачот на Златната топка од 2022 година самоиницијативно го повикал својот поранешен теренер во Лион, Кристоф Галтиер и тоа го направил без знаење на претседателот на клубот и спортскиот директор.
На Французинот очигледно не му одговара Пиоли, па со поддршка на еден дел од управата одлучил да го повика Галтие. Засега не е познато каков ќе биде исходот на целата ситуација.
Безнеам за Ал Итихад постигна 13 голови и запиша осум асистенции на 29 натпревари, меѓутоа неговиот учинок остана во сенка поради работите надвор од теренот.