99
По 30 години на
чело на Милан, Силвио Берлускони се раздели со „Росонерите“ минатиот месец и го
продаде клубот на инвеститори од Кина.
Последните
инфорнации велат дека Дон Силвио би можел експресно да му се врати на фудбалот
и да му стане газда на нашиот Горан Пандев.
Оваа сензационална вест ја
презентираше неговиот личен физиотерапевт, Алберто Ѕангрило, кој е голем фан на
„Рособлу“.
„Сите сонуваме за
богати сопственици од Кина или пак некој Емир од арапските земји” – вели Ѕангрило.
„Сепак, веројатно
тоа нема да се случи”.
„Но поради многу
причини, и не само поради тоа што јас сакам, Силвио Берлускони би можел да каже
ДА”.
„Работам на ова”.