Репрезентацијата на Швајцарија ќе се судри со Англија во четвртфиналето на Европското првенство. Досега избраниците на Мурат Јакин се покажаа во одлично светло на турнирот, а се надеваат дека ќе продолжат со исто темпо и против фаворитот.
Селекторот на Швајцарците доби прашање дали ова е натпревар на неговата кариера, па интересно одговори.
„Дали ова е натпреварот на мојата кариера? Тоа прашање ми беше поставено пред последните два натпревари, се надевам дека ќе победам уште два пати пред да заминам од Германија. Се разбира, ова е посебен натпревар за мене и мојот тим, можеби следниот ќе да биде уште повеќе… Не знам што ни подготвува Англија, но гледам дека мојот тим е во добра форма и полн со самодоверба“, рече Јакин.
Натпреварот меѓу Англија и Швајцарија се игра на „Меркур Шпиел Арената“ во Дизелдорф.