Фановите на Ријека гласаа: Ристовски и Жута меѓу најборбените во хрватскиот шампион сезонава

by
1 минути читање

Анкетата која
беше организирана од страна на хрватското издание на „Гол“, на прашањето „Кому
би му ја доделиле наградата за најборбен фудбалер“, односно „Ријечко срце“, солиден
број гласови на интернет порталот освоија нашите репрезентативци Стефан
Ристовски и Леонард Жута.

Ристовски е на
третото место и освои 11,2 проценти од гласовите, додека веднаш по него следи
миленикот на фановите, Жута кој освои 7,4 проценти од гласовите.

Во изборот беа
сите играчи на Ријека, додека пак признанието за најборбен во овогодинешниот
шампион му припадна на црногорецот Марко Вешовиќ за кого гласаа дури 48,4
проценти од гласачите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани