Трапановски брзо се прилагоди во Данди, Македонецот царува на тренинзите! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Новиот македонски фудбалер во Шкотска, Кристијан Трапановски се чини дека идеално се вклопува во новата средина.

Трапановски даде гол на првиот пријателски меч, а според односот на тренинзите веќе доминира во тимот.

Данди на социјалните мрежи објави видео од тренинг на кое го потенцираше Трапановски кој даде три гола од три обиди со шут од втора.

И навивачите на Данди се задоволни од првиот впечаток кој го остава Македонецот, дел од нив велат дека едвај чекаат сезоната да почне и да го видат на дело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани