276
Федерико Киеза е еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, но според последните информации од Италија тој би можел да ја промени средината и да се пресели во Рома.
Се споменуваше ваква опција и во претходниот период, но сега се наведува дека менаџерот на Киеза, Фали Рамадани во Рим ги започнал преговорите.
Киеза со Јувентус има договор до летото 2025 година, па така клубот од Торино не би можел да бара висока оштета и во случај на добра понуда би можеле да размислат.
Исто така се наведува дека тренерот Тијаго Мота од управата веќе побарал да му биде доведен нов крилен напаѓач, а се шпекулираше со Џејдон Санчо. Ќе потсетиме, пред Киеза, Дибала Торино го замени со Рим.