Рафа Марин, стоперот на Реал Мадрид наскоро треба да стане нов играч на Наполи. Трансферот е договорен и „кралевите“ за неговите услуги ќе добијат околу 12 милиони евра.
Голем дел од љубителите на фудбалот можеби и не слушнале за Марин и не знаат дека токму од Реал Мадрид преминува во Наполи за сума која воопшто не е мала. Рафа Марин е фудбалер кој не одиграл ниту една минута за сениорскиот тим на „кралевите“ и поради тоа „Марка“ овој трансфер го опишува како „историска зделка за Реал“.
Марин вниманието на Антонио Конте и Наполи го привлече за време на позајмицата во Алавес каде што ја одигра својата прва сезона во сениорската кариера. За Конте тој е првото засилување откако пристигна на клупата на Наполи.
Наполи за Марин ќе плати 12 милиони евра, но Реал Мадрид ќе има право и да го откупи назад неговиот договор. Во 2026 година тоа ќе може да го направи за 25 милиони евра, додека во 2027 година за 35 милиони евра. Но, тоа не е се од договорот.
Имено, ако Наполи на Реал му плати уште 10 милиони еврап о првата сезона, гигнатот од Мадрид ќе мора да откупи за 50 во 2026 и 70 милиони евра во 2027. На тој начин, Реал може да дојде до заработка од и од 22 милиони за играч кој само шест пати бил резерва помеѓу сениорите.