73
30-годишниот Бразилец се врати во Челси од ПСЖ и се промовираше во една од клучните фигури во составот на Антонио Конте за освојување на Премиерлигата.
„Не сакам секогаш лесен живот. Затоа превземам ризици и сум многу среќен. Враќањето во Челси беше исправна одлука“ – вели Давид Луиз.
„Го сакам ризикот. Во животот ако не ризикуваш не можеш да вкусиш нешто ново. Не само во професионалниот живот, туку во секојдневниот“.
„Ја намалив платата за да дојдам тука, но среќен сум. Бог ми даде многу, па многу сум среќен со ова“.