Крос џентлменски му одговори на Хоселу

by bojan
2 минути читање
Крос

Тони Крос вели дека ги разбира коментарите и желбите на Хоселу, и на својот сега веќе екс-соиграч од Реал Мадрид му порача дека ќе стори се што може да не оди во пензија во петок.

Во пресрет на натпреварот помеѓу Шпанија и Германија во четвртфиналето на Европското првенство, актуелната е темата со одењето во пензија на Тони Крос, и можноста натпреварот во петок да биде последен за фудбалерот од средниот ред.

Хоселу, на средбата со новинарите, сосема искрено порача дека сака да го испрати во пензија својот поранешен колега од Реал Мадрид.

Неколку часа подоцна, на прес се појави Тони Крос, кој џентлменски му одговори.

„Знам што сакаше Хоселу да каже и каков беше тонот, разбирам која му беше идејата, дека тоа всушност ќе значи дека Шпанија оди во полуфинале“ – вели Тони Крос.

„Нормално е да го кажат тоа, сакаат да го освојат Европското првенство. Јас пак ќе сторам се што можам за да се погрижам да не одат понатаму. Тие се тука за да победат, ние сме тука за да победиме, и ќе видиме што ќе се случи во петок“.

„Хоселу, Начо, Карвахал ми се пријатели… и му благодарам на Бог што не сакаа да ме пензионираат додека бев во Реал Мадрид“ – заврши Германецот со насмевка на лицето.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани