Хоселу без двоумење брутално порача: Сакам Крос во петок да оди во пензија!

by bojan
2 минути читање
Хоселу

Напаѓачот на Шпанија, Хоселу вели дека посакува Тони Крос во петок да оди во пензија, тоа ќе значи дека „црвената-фурија“ ја добила пресметката против Германија во четвртфиналето.

Хоселу делеше соблекувална со Тони Крос во Реал Мадрид, но двајцата сега ќе мораат да заборават на пријателството, ќе се борат за прогрес во полуфинале на Европско првенство и нов чекор кон титулата.

Тони Крос најави дека се повлекува по ЕВРО 2024, па Хоселу без двоумење брутално порача: „Се надевам дека ова ќе биде неговиот последен натпревар, се надева дека во петок ќе го испратиме во пензија!“

Ваквата изјава, колку и да звучи сурова, е сосема очекувана, Хоселу сака со Шпанија да стигне до титулата на Европското првенство и следна пречка им се Тони Крос и Германија.

„Ми беше пријател, често разговаравме и ми даваше многу совети. Тој е клучен за Германија, како што беше клучен и за Реал Мадрид. Мораме да внимавме на него во петок“.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани