Голем број на извори пренесуваат дека Баерн Минхен и Фулам конечно си подале рака за трансфер на Жоао Палиња во зделка вредна 51+5 милиони евра.
Жоао Палиња минатото лето, во последниот ден од преодниот рок, пристигна во Минхен на лекарски прегледи, и кога се чекаше информација за негова преселба на „Алианц Арена“, пристигна вест дека трансферот пропаднал и Португалецот се враќа во Лондон.
Ова лето, Баерн Минхен повторно притисна за потписот на Жоао Палиња, и откако Фулам одби три понуди, конечно падна договор.
Голем број на извори пренесуваат дека двата клуба си подале рака за зделка вредна 51 милион евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Оваа сума е значително пониска од 70-те милиони евра кои ги бараше Фулам, но и покрај тоа ќе биде рекордна продажба за клубот од Лондон.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.