„Црвените Ѓаволи“ со 2-0 славеа над Ајакс во Стокхолм за прва титулата во
Лига Европа, и што е поважно, пласман во Лигата на шампионите.
Манчестер јунајтед свесно му ја препушти топката на противникот и со цврста
игра во одбана го неутрализираше Ајакс.
Клубот од Холандија, имаше дури 69% посед на топка наспроти 31% на
Манчестер јунајтед, како и 17 шутеви на гол, но само три од нив беа во рамките
и ниту еднаш посериозно не го ставија на мака Ромеро.
„Во фудбалот има
многу поети, но тие не освојуваат титули” – рече Жозе Мурињо по крајот на натпреварот.
„Знаевме каде беа
подобри од нас, и каде ние бевме подобри од нив”.
„Се oбидовме да
ги „убиеме“ нивните добри квалитети и да ги искористиме нивните слабости”.
„Го сторивме тоа
одлично уште од првата минута, и сосема заслужено го освоивме овој трофеј”.