Манчестер јунајтед и Милан се во трка по играчот на Болоња, Џошуа Зиркзе кој ќе ја смени средината ова лето.
Зиркзе имаше фантастична сезона со Болоња, Холанѓанецот го привлече вниманието на себе и си обезбеди трансфер. Прашање е само кој ќе биде неговиот следен клуб.
„Џошуа Зиркзе има откупна клаузула во неговиот договор и мислам дека 99 проценти ќе си замине од клубот“, рече директорот на Болоња, Сартори.
Информациите велат дека и Манчестер јунајтед и Милан се подготвени да ја платат откупната клаузула од 40 милиони евра за Зиркзе.
Проблем за Милан беше високата провизија која ја бараа агентите на фудбалерот.
Наводно Тен Хаг ќе има состанок со претставници на Зиркзе и ќе го убедува фудбалерот да се пресели на Олд Трафорд.
Веројатно идната на Холанѓанецот ќе биде брзо позната по завршувањето на настапот на Холандија на Европското првенство.