Иниеста проговори за својата иднина, Јувентус е на потег

by
1 минути читање

Изминатиов период
низ италијанските медиуми на големо се пишува околу можниот трансфер на Иниеста
од Барселона во Јувентус.

Иниеста ги
подгреа шпекулациите по изјавата околу тоа што мисли за можноста да ја продолжи
соработката со Барселона, или пак евентуално да си замине од клубот летово.

Не можам ништо
конкретно да кажам околу продолжување на договорот, само морам добро да ја
проценам ситуацијата во однос на моите натпревари оваа сезона. Кога сето тоа ќе
го анализирам ќе ја донесам дефинитивната одлука
“ изјави капитенот на
Барселона.

Познато е дека
поранешниот соиграч на Иниеста во Барселона, Дани Алвес кој е моментално член
на италијанскиот шампион и годинешен финалист во Лигата на шампионите, почна да
го убедува својот поранешен соиграч да премине во тимот од Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани