Официјални состави: Англија со една измена, Словачка со проверени сили (ФОТО)

by bojan
1 минути читање
Англија

Герет Саутгејт и Франческо Калцона ги открија адутите за осминафиналната пресметка во Гелзенкирхен, Англија со една измена, Словачка со проверени сили.

„Трите лава“ не блескаа во групната фаза, многу критики пристигнаа на адреса на Герет Саутгејт и барања за промени во составот.

Селекторот на Англија сепак се реши да не експериментира премногу и во стартниот тим единствено ново име е Коби Мејно, кој ќе игра покрај Деклан Рајс на средината од теренот.

Франческо Калцона пак се реши за проверени сили и играчите кои имаа најголема минутажа во Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани