Селекторот на Франција, Дидје Дешам има добри вести за оние кои се суеверни и објасни зошто Франција ќе триумфира на Европското првенство во Германија.
„Триколорите“ пристигнаа во Германија како еден од главните фаворити за триумф на Европското првенство, но се мачеа во групната фаза, а и често се пишуваше за проблеми во соблекувалната.
Но Дидје Дешам и понатаму е убеден дека имаат се што е потребно за успех, плус изнесе и eдна итересна статистика.
„За оние кои се суеверни, како играч стигнав во титула на Европско првенство во третиот обид (во 2000, откако претходно имаше неуспех во 1992 и 1996), па дали и како тренер ќе стигнам во третиот обид? Ќе видиме…“ – рече Дешам.
„Како поминуваат годините така се помалку сум суеверен. Но и понатаму го давам максимумот, исто како и првиот ден“.
Тој потоа додаде: „Три трофеи му се на дофат на еден селектор: Светското првенство, Европското првенство и Лигата на нации. Имам два од овие три трофеи и ќе сторам се што можам за да го освојам Европското првенство“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.