168
Италијанската фудбалска федерација одлучи да продолжи со Лучано Спалети на селекторската позиција и покрај лошиот настап на Европското првенство.
Италија одигра под сите очекувања, беше мизерна во групната фаза, а вчера тотално надиграна од Швајцарија во осминафиналето и елиминирана.
Ваквиот настап не му ја загрози работата на Спалети. Италијанската фудбалска федерација денеска потврди дека тој останува селектор на репрезентацијата најмалку до Светското првенство 2026 година.
„Мојата мисија е да го направам овој состав уште помлад“, изјави Спалети.