Њукасл за 33 милиони на Брајтон му продаде играч кој има одиграно 0 минути, па за 35 милиони продаде уште еден фудбалер

by bojan
2 минути читање
Њукасл

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ направи две големи продажи, Јанкуба Минте се сели во Брајтон за 33 милиони фунти, а Елиот Андерсон прави трансфер во Нотингем Форест вреден околу 35 милиони фунти.

Њукасл најде начин како да ги балансира смеките без да продаде звучно име, синоќа договори две зделки од кои ќе инкасира околу 68 милиони фунти.

Јанкуба Минте се сели во Брајтон за 33 милиони фунти, интересно е тоа што 19 годишниот офанзивен фудбалер нема одиграно ниту една минута за Њукасл.

Минатото лето тој беше купен од Оденсе за 5-6 милиони фунти, и веднаш испратен на позајмица во Феенорд. Откако импресионираше со своите игри во Холандија, пристигнаа неколку понуди, а Њукасл си подаде рака со Брајтон.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ добро пројде и со продажбата на Елиот Андерсон во Нотингем Форест.

За 21 годшниот Шкот, кој е продукт на нивната школа, Њукасл ќе инкасира околу 35 милиони фунти.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани