240
Фудбалската репрезентација на Белгија ќе се судри со Франција во дербито на осминафиналната фаза на Европското првенство.
Во пресрет на таа дерби пресметка кратка најава даде капитенот на белгиската репрезентација, Кевин Де Брујне.
„Нема да бидеме фаворити против Франција, но знаеме дека на турнирот мора да играме најдобро. Среќен сум бидејќи се квалификувавме за осминафиналето. Заслуживме да победуваме. Почнавме лошо и добро се носевме со притисокот. Ефикасноста беше проблем, нападот не функционираше најдобро и покрај добрите шанси“, изјави Де Брујне.
Дуелот меѓу Франција и Белгија е закажан в понеделник во Дизелдорф, во терминот од 18:00 часот.