96
36-годишниот голман по две години си заминува од Порто, на негова адреса има неколку понуди од кои едната е од Ливерпул.
Шпанскиот медиум пишува дека Касиљас има неколку опции, Премиерлигата, Турција, Катар или Кина. Ливерпул изгледа најатрактивно место за продолжување на кариерата, поготово што тимот избори пласман и во Лигата на шампионите.
И покрај тоа што Порто не успеа да стане шампион на Португалија, Касиљас имаше одлична сезона со само 23 примени гола на 43 натпревари. И покрај возраста Касиљас покажа дека се уште брани во голема форма.
Порто на 3. јули ги почнува подготовките за новата сезона, а дотогаш веројатно ќе биде позната следната дестинација на Касиљас, можеби Ливерпул.