Кутињо е главната ѕвезда во овој состав на Ливерпул и предвидувањата се дека доколку подолго се задржи во црвениот дрес може да стане икона на навивачите.
На Бразилецот му е јасно дека ако остане во Ливерпул може да биде легенда, а ако замине во клуб како Барселона, Реал Мадрид или Баерн Минхен ќе биде само еден од останатите.
„Ако останам тука можам да станам легенда на тимот и да добијам статуа во моја чест. Ако отидам на друго место, Барселона, Баерн Минхен или Реал Мадрид ќе бидам само уште еден играч. Тука можам да бидам нешто повеќе“ – вели Кутињо за ЕСПН Бразил.
„Имам долгорочен договор со Ливерпул. Шпекулациите се само измислици на новинарите“.
„Одлично ја почнав сезоната, потоа имав пад, а завршив на високо ниво. Целиот тим играше добро, најважно е што следната сезона ќе играме во Лигата на шампионите“.