Дефанзивецот, Миодраг Пиваш кој е член на Јединство од УБ со кој избори пласман во српската елита би можел да го направи трансферот на кариерата.
Српските медиуми пренесуваат дека интерес за 19-годишниот фудбалер покажал тимот на Њукасл. Јединство од потенцијалниот трансфер би заработил оштета во износ од 600.000 евра што за овој клуб секако е огромна бројка.
Немања Матиќ кој е прв човек на УБ неодамна го спореди Пиваш со Немања Видиќ и Бранислав Ивановиќ. Освен што е добар во одбраната, Пиваш може да игра и како фудбалер за врска. Во дресот на Уб изминатата сезона одигра 35 натпревари и постигна еден гол.
🚨 – Miodrag Pivas, a 19-year old Serbian midfielder who plays for FK Jedinstvo, has been spotted with his agent today outside St James’ Park, in the temporary #NUFC club shop and at the Benton training ground. 👀🇷🇸 #NUFCFans#PL#Transferspic.twitter.com/Jb35Pyvw0G