Анхел Ди Марија го разгледува следниот чекор во кариерата и можноста летоска да го напушти Паркот на Принцовите.
Неколку клубови се заинтересирани за Аргентинецот, се говори дека Интер серизно работи на ангажман на офанзивниот фудбалер.
Според пишувањата на Ел Мундо Депортиво, агентoт на Анхел Ди Марија остварил конаткт со Барселона, и се распрашувал за можноста неговиот клиент да им се придружи на добрите пријатели Лео Меси и Хавиер Маскерано на Камп Ноу.
Но „Каталонците“ испратиле порака дека во моментов не им е приоритет ангажман на фудбалер од профилот на Анхел Ди Марија.
Ел Мундо Депортиво вели дека Барселона цели кон ангажман на друга ѕвезда на ПСЖ, односно Марко Верати или пак играч сличен на Италијанецот.
Весникот исто така додава и дека Филипе Кутињо е пред Анхел Ди Марија на листата со желби доколку клубот реши да тргне по таков таков тип на играч.