Спалети влезе во кавга со новинарите и обвинуваше за „крт“ во соблекувалната, па во 2 часот наутро се извинувал

by bojan
2 минути читање
Спалети

Селекторот на Италија, Лучано Спалети влезе во кавга со новинар по ремито против Хрватска, обвинуваше за „крт“ во соблекувалната, па потоа во 2 часот наутро се извинувал.

Италија синоќа во 98. минута со голот на Закањи се избори за реми против Хрватска, второто место во групата и пласман во осмина-финале на Европското првенство.

По крајот на натпреварот, Лучано Спалети влезе во кавга со новинарите. Селекторот на „аѕурите“ се налути кога му беше посочено дека направил „пакт“ со играчите за промена на формацијата од 4-3-3 во 3-5-2.

Ова многу го погоди стратегот кој почна да држи лекции и да обвинува за „крт“ во соблекувалната.

„Пакт со играчите? Колку години имате? 51… Имате уште 14 години за да стигнете до мене. Јас секогаш зборувам со играчите и морам да слушнам што мислат. Не знам што сакате да постигнете со вакво прашање, очигледно инспирација ви се кртовите кои ги има во репрезентацијата“ – рече Лучано Спалети.

Ваквиот испад не му се допаднал на првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, па Лучано Спалети морал во 2 часот наутро да му се јави на новинарот и да му се извини.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани