Далиќ: Промашивме два пенали и примивме два доцни гола, веројатно така требало да биде…

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Хрватска по успесите на претходните големи собири, доживеа елиминација на Европското првенство бидејќи само чудо може да ја спаси и „протне“ со два бода во осминафиналето.

По тешкото реми со Италија во кое примија гол во последните секунди, селекторот Златко Далиќ не го криеше разочарувањето.

„Последна минута гол од Албанија, последна минута гол против Италија… Сакам само да им честитам на моите фудбалери за борбата, решителноста и жртвата која ја покажаа, но ете, ова не беше наш турнир. Не ја изнесовме топката, па низ средината мина топка на левата страна и примивме гол. Веројатно така мораше да биде, а не сакам да го коментирам долгото надополнување. Промашивме два пенали, примивме два гола во судиското продолжение, што е тука е. Теорија за пласман понатаму? Не можеме да се надеваме на тоа, ја имавме ситуацијата во свои раце. Благодарност до луѓето кои не бодреа, жал ми е поради нив, тоа ми е најголемо разочарување“, изјави Далиќ.

Хрватите имаат два бода во групата Б и само теорија може да ги спаси на табелата на третопласираните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани