216
Хрватска беше на прагот на победа против Италија и пласман во нокаут фазата, но прими гол во 98. минута и најверојатно го заврши првенството, постојат теоретски шанси да остане, но тоа е тешко остварливо.
Ова за Модриќ беше последно Европско првенство, капитенот на Хрватска го постигна голот за нив, па разочарувањето од финалниот исход е големо.
„Фудбалот понекогаш е суров, а така беше и вечерва. Не знам зошто судијата даде осум минути продолжение. Им благодарам на навивачите кои ни даваа поддршка. Теоретски можеме да се пласираме во осминафинале, но никогаш немаме среќа. Минатиот меч примивме гол во 95. минута, сега во 98. минута“, кажа Модриќ по мечот.