Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Годин открива дека Џулијано Симеоне како дете често си заминувал со солзи од соблекувалната откако бил жртва на сурови шеги, но смета дека тоа помогнало напаѓачот да изгради бескомпромисен борбен дух.
Со својата работа и упорност, Џулијано Симеоне стигна до место во стартниот состав на Атлетико Мадрид, има договор со важност до 2030 година и откупна клаузула од 500 милиони евра, а избори и место во составот на Аргентина за Светското првенство што изминатово лето се одржа во САД.
Диего Години, кој беше столб на Атлетико Мадрид долги години, открива дека Џулијано Симеоне како дете бил цел на сурови шеги во соблекувалната. Синот на Диего Симеоне често си заминувал со солзи, но токму тие незгодни моменти му помогнале на напаѓачот да изгради бескомпромисен борбен дух.
„Знаевме да го расплачеме Џулијано Симеоне во соблекувалната… но денес тој е вистински маж“ – вели Уругваецот.
„Џулијано ќе влезеше во соблекувалната, а Диего Коста ќе го фрлеше во џакузи, или ќе го пикнеше во ледена бања. Чист хаос…“
„Тој ќе си заминеше во солзи: „Тато, тато, ме удрија“. А Чоло ќе му речеше: „Ама тебе тоа ти се допаѓа!“ И малиот Џулијано веднаш повторно ќе се вратеше. Беше вистинска камиказа“.
ФОТО: X/Atlético de Madrid