Шпанија го промени целиот тим за мечот со Албанија, Спалети со нова офанзива ќе ја напаѓа Хрватска (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Шпанија

Селекторот на Шпанија, Де ла Фуенте реши да го промени целиот тим за пресметката против Албанија, Лучано Спалети и Италија со нова офанзива ќе ја напаѓаат Хрватска.

Шпанија со две победи во воведните две кола го обезбеди првото место во групта, па тоа му даде простор на Де ла Фуенте да одмара. Но селекторот на „црвената фурија“ се реши на драстичен потег и го промени целиот тим за мечот со Албанија.

Доста промени има и во составот на Италија, Лучано Спалети со нова офанзива ќе ја напаѓа Хрватска и ќе се обиде да стигне до посакуваниот резултат кој ќе им обезбеди нок-аут фаза.

Рутеги и Распадори добија шанса пред Скамака и Киеза, додека пак Димарко се најде во форот, а во одбрана е сместен Дармијан.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани