Челси за само 6 милиони евра го купува еден од најмладите стрелци во историјата на Барселона

by bojan
1 минути читање
Гују

Голем број на извори пренесуваат дека Челси е многу блиску до ангажман на Марк Гују од Барселона, „сините“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула вредна околу 6 милиони евра.

Марк Гују блесна на фудбалската сцена во октомври минатата година, кога на натпреварот помеѓу Барселона и Атлетик Билбао, доби шанса од клупата и по само 23 секунди постигна деби гол во Ла Лига и донесе победа од 1-0.

Со 17 години и 9 месеци, тој стана 7-миот најмлад стрелц во историјата на „каталонците“ и се најде на листата пред Лео Меси.

Барселона имаше големи планови за него, но последните информации велат дека тој е пред трансфер во Челси.

„Сините“ ќе го купат за само 6 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани