Хамес Родригез на социјалните мрежи навести дека заминува од Реал Мадрид!? (ФОТО)

by
1 минути читање

Изминативе денови, медиумите од Колумбија пренесоа дека Хамес Родригез се
договорил со Манчестер јунајтед и го известил Флорентино Перез дека сака да ја
промени средината.

Наводно веќе утре ќе пристигне потврда за преселба на играчот на Олд
Трафорд, откако ќе заврши првенството на Шпанија.

Медиумите од Шпанија сега одново пишуваат на оваа тема, и тоа откако Хамес
Родригез ја промени сликата на Инстаграм.


Во денешно време присуството на играчите на социјалните мрежи е огромно, па
секој нивен потег е под лупа.

Хамес Родригез на својот профил претходно имаше своја слика во дресот на
Реал Мадрид, но тоа е промената и сега стои слика од играчот во дресот на
Колумбија.

Па многумина оваа го протолкуваа како знак дека Колумбиецот ќе се раздели
со „Кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани