Во последните денови се појавија шпекулации дека Хакан Чалханоглу би можел да го напушти Интер па во клубот од Милано веќе и размислуваат кој би можел да го замени.
Според последните информации на италијанските медиуми една од опциите е 30-годишниот Хрват, Матео Ковачиќ.
Ковачиќ веќе го носеше дресот на Интер во период од 2013 до 2015 година и го познава италијанскиот фудбал. Сепак, се поставува прашањето дали Манчестер Сити е спремен да го продаде Ковачиќ само една година откако го доведе.
Интер за Ковачиќ беше прв клуб надвор од Хрватска и пристигна од Динамо Загреб за 11 милиони евра. По две ипол години Реал Мадрид на „нероаѕурите“ им плати сума од 38 милиони евра, подоцна се пресели во Челси од каде што минатото лето потпиша за Сити.
Дресот на Интер го носеше вкупно на 97 натпревари во кои постигна осум голови.