Хрватите пред натпреварот со Италија: Наше најсилно оружје е – јагнешкото!

by Стефан
1 минути читање

Вечерва во Лајпциг Хрватска ја очекува важен натпревар против Италија и потребна им е победа за пласман во осминафинале, има калкулации и за реми, но така би зависеле од неколку други резултати.

Пред овој натпревар хрватските новинари разговараа со навивачите помеѓу кои владее оптимизам дека можат да ја победат Италија.

Еден од навивачите имаше и интересна порака, тој вели дека јагнешкото е нивно силно одужје.

„Наше најсилно оружје е јагнешкото. Тие се уште не пробале, само неколкумина од оние кои ги сретнав. Тоа е голем хендикеп за нив. Знаат само за ќебапи“, искоментира навивачот кој прогнозира точен резултат 3:0 за Хрватска.

Натпреварот се игра од терминот од 21:00 часот, исто како и дуелот помеѓу Шпанија и Албанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани