385
Антонио Конте во својата прва сезона на кормилото на Стемфорд Бриџ на Челси
му донесе титула во Премиерлигата, и е на чекор да испише нова историја и да
забележи 30 победи во една сезона.
Минатата година Клаудио Раниери со Лестер беше шампион на Англија, а во
минатото до титулата дојдоа и Роберто Манчини со Манчестер Сити, како и Карло
Анчелоти со Челси.
„Да правите нешто одлично како Италијанец во странство е многу важно, ја
правите горда целата нација” – вели Антонио Конте.
„Тајната на
успехот на тренерот од Италија во странство е Серија А”.
„Можеби не го
имаме најубавото првенство во светот, но сигурно е најтешкото”.
„Оној кој бележи
успех во Италија, може да победува било каде”.