На повидок нова војна помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе, напаѓачот бара 100 милиони евра на име на неисплатени бонуси и плати.
Минатото лето, ПСЖ му се налути на Килијан Мбапе откако напаѓачот одлучи да не стави потпис на нов договор.
„Светците“ не сакаа да го го загубат беспари, па го отстранија од тимот. Но пред да почне сезоната, двете страни најдоа компромис и Килијан Мбапе почна да игра.
Тогаш се велеше дека напаѓачот прифатил да се откаже од одредени бонуси во висина од 80 милиони евра.
Но изминативе месеци односот повтоно се залади помеѓу Килијан Мбапе и ПСЖ, или поточно првиот човек Насер Ал Келаифи.
Последните информации велат дека на повидок е нова војна откако адвокатите на Килијан Мбапе го информирале ПСЖ дека бараат 100 милиони евра.
Во оваа сума спаѓаат неисплатени бонуси, како и неисплатена плата за месец април, мај и јуни.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.