Мбапе ќе игра утре против Холандија и покрај скршениот нос!?

by riste
1 минути читање

Францускиот весник „Л’Екип“ не ја отфрла можноста Килијан Мбапе да игра на утрешниот дерби меч на Европското првенство меѓу Франција и Холандија.

Во финишот од натпреварот против Австрија, Мбапе заработи скршеница на носот, првичните прогнози беа дека ќе ги пропушти преостанатите два натпревари од групната фаза. Потоа се тврдеше дека нема да игра само на дуелот против Холандија, а сега се пишува дека може ќе настапи и на тој.

Мбапе во меѓувреме почна да тренира и покрај скршеницата на носот, тоа влеа надеж кај француските навивачи дека тој нема да пропушти ниту еден натпревар.

Засега сигурно е само дека на следните натпревари кои ќе ги игра, Мбапе ќе настапува со маска на лицето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани