Барселона води преговори со Порто за продажба на талентираниот Микајил Фаје, и покрај тоа што дефанзивецот нема ниту една минута како првотимец за каталонскиот тим, се шпекулира со сума од дури 15 милиони евра.
Името на Микајил Фаје беше актуелно, особено на Балканот, минатото лето, кога одекна информацијата дека второлигаш од Хрватска на Барселона и продава фудбалер во зделка вредна околу 5 милиони евра сосе бонуси.
Сенегалецот сега повторно е дел од трансфер шпекулациите, „каталонците“ водат преговори со Порто за негова продажба.
Чави го имаше Микајил Фаје во плановите за сезоната 2024/25, но Ханси Флик нема да смета сериозно на неговите услуги, па сега Барселона ќе се обиде да извади што е можно подобра зделка.
Се говори за зделка вредна околу 15 милиони евра, како и клаузула која ќе и даде опција на Барселона да го врати дефанзивецот на Камп Ноу.
Доколку падне договор, Микајил Фаје ќе направи втор милионски трансфер и покрај тоа што нема ниту една минута првотимски фудбал за најдобриот тим на Каталонците, тој до сега играше за вториот тим на Барселона.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА