Вчера испиша историја на ЕП, но не може да пронајде нов клуб?

by Стефан
1 минути читање

Португалскиот ветеран Пеп, вчера испиша историја и стана најстариот играч кој настапил на Европските првенства. Пепе беше стартер во победата на Португалија против Чешка од 2:1.

И покрај години Пепе игра на високо ниво, сепак во Порто изгледа повеќе не сметаат на неговите услуги.

Пепе е слободен во изборот на новата средина бидејќи во Порто не се заинтересирани за продолжување на соработката, меѓутоа и според последните информации Пепе немал некои примамливи понуди.

Неговата желба е да продолжи да игра, меѓутоа ако не доби понуда која би му одговарала и во клуб каков што посакува тогаш не е исклучено и да ја смени одлуката да означи крај на кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани