Килиан Мбапе заработи скршеница на носот поради која беше под закана неговиот настап на Европското првенство. За среќа Французинот ќе добие специјална заштитна маска за преостанатиот дел од турнирот, а потоа ќе се испита ситуацијата дали ќе биде потребна операција.
На ден по натпреварот извинување и желби за побрзо заздравување испрати и човекот со кој Мбапе се судри – Кевин Дансо.
„Борбата беше неверојатна, на наша жал загубивме. Како и да е, горд сум на овој тим за одиграното. Благодарност и до навивачите кои дојдоа да нè поддржат во Дизелдорф.
А, за француските навивачи: Извинување до Килиан Мбапе кој се повреди по судирот со мене. Му посакувам побрзо да оздраве и да се врати на терените“, напиша Австриецот.
Во моментов не се знае кога Килиан Мбапе ќе може повторно да игра за Франција, а навивачите и сите во репрезентацијата се надеваат дека тоа ќе биде во најбрз рок.