198
Во вчерашниот натпревар помеѓу Франција и Австрија, Килијан Мбапе заработи тешка повреда.
Новиот напаѓач на Реал Мадрид во завршницата го скрши носот, но очигледно тој не е премногу загрижен за таквата состојба.
Голгетерот одлучи да се пошегува преку социјалните мрежи, па од своите фанови побара идеја за маска.
„Имате ли идеја за маска?“, гласеше прашањето на Мбапе.
Инаку, веќе од Франција потврдија дека Мбапе првенството ќе мора да го доигра со заштитна маска. Вториот натпревар Франција го игра во петок против Холандија од 21:00 часот.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.