Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе го искористи вниманието за да му даде поддршка на Емануел Макрон во пресрет на претседателските избори во Франција кои ќе се одржуваат на 30 јуни и 7 јули.
Десничарката Марин Ле Пен убедливо победи на изборите за Европскиот парламент, по што актуелниот претседател Емануел Макрон ја распушти владата и распиша парламентарни избори.
Политиката и спортот обично не се мешаат, но Мбапе првата прес-конференција на Европското првенство ја искористи да им порача на Французите да гласаат против Ле Пен.
„Маркус Турам повика да се гласа против десницата на изборите? Да, и јас се согласувам со него. Повикувам да се гласа против десницата, против екстремистите кои сакаат да ја поделат земјата. Сакам да бидам горд додека го носам овој дрес, не сакам да претставувам земја која не ги симболизира моите вредности. Знаеме дека ова е клучен момент во француската историја. Ова е настан без преседан. Можеме да видиме како екстемистите тропаат на вратата на моќта и имаме шанса да ја облекуваме иднината на нашата држава. Оваа ситуација е поважна од нашиот натпревар против Австрија“, рече Мбапе.