Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг повторно самиот се испофали иако имаше очајна сезона во Премиерлигата во која сруши повеќе негативни рекорди.
Манчестер јунајтед одлучи да му даде нова шанса на Ерик тен Хаг и покрај тоа што правеше интервју со неколку кандидати меѓу кои и Томас Тухел.
Холанѓанецот сега ќе има шанса да докаже дека може успешно да го води тимот, а причина за неуспешната сезона се многуте проблеми.
„Од Манчестер јунајтед ми кажаа дека зборувале со Томас Тухел, зборувале и со неколку други кандидати. Ми рекоа дека дошле до заклучок дека веќе го имаат најдобриот тренер, па тоа е тоа“, вели Тен Хаг.
„Од Манчестер јунајтед долетаа до Ибица да ми кажат дека останувам. Тие ми го нарушија одморот, да…“, на шала прокоментира среќниот Холанѓанец.
„ИНЕОС се нови во фудбалот па нормално дека им е потребно време да ја анализираат сезоната. Сега сум во преговори со Јунајтед за нов договор, точно е тоа, се уште треба да преговараме за да постигнеме договор“.