Италија со победа ја започна одбраната на титулата на Европското првенство, вечерва „аѕурите“ со 2-1 ја совладаа Албанија во Дортмунд.
Италија ја оправда фаворитската улога против Албанија и покрај тоа што беа шокирани уште во првата минута.
Бајрами искорсти една грешка и го совлада Донарума по само 23 секунди, за најбрзиот гол на Европските првенства и водство на Албанија од 0-1.
Но „аѕурите“ брзо се опоравија, во 11. минута Бастони по еден корнер изедначи на 1-1.
Пет минути подоцна се случи целосен пресврт, Барела начека една топка на врвот од шеснаесетникот и прецизно биеше покрај статиата за водство на Италија од 2-1.
Избраниците на Спалети потоа имаа неколку добри шанси да поведат и со 3-1 до крајот на првото полувреме, но Стракоша ги одбрани обидите на Фратези и Скамака, додека ударот на Киеза заврши крај голот.
Во вториот дел немаше толку возбудување, а најголемата шанса се случи во 90. минута кога Манај можеше да донесе бод за Албанија, но беше спречен од Донарума.