Барселона доби изненадувачка понуда за Феран Торес, три пати помала од сумата што тие ја платија

by bojan
1 минути читање
Феран Торес

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека Њукасл доставил понуда за ангажман на Феран Торас, клубот од „Сент Џејмс Парк“ е подгогвен да одвои 15+5 милиони евра за трансфер на Шпанецот.

Во јануари 2022 година, Барселона го ангажираше Феран Торес од Манчестер Сити за 55+ милиони евра во зделка за која Жоан Лапорта рече дека е доказ кој покажува дека „каталонците“ повторно се „играчи“ на трансфер пазарот.

Но Шпанецот никако не успева да се наметне како стартер на Камп Ноу, и често добива коментари дека не ги оправдува вложените пари.

Последните информации велат дека Њукасл сака да го врати Феран Торес во Премиерлигата и доставил конкретна понуда.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ на маса ставил предлог вреден 15 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра, што е три пати помалку од сумата која Барселона му ја плати на Манчестер Сити.

Останува да се види дали Жоан Лапорта ќе ја прифати оваа изненадувачка понуда, сите знаат дека Барселона мака мачи со финансиите и мора да ги балансира сметките.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани