Селекторот на Холандија, Роналд Куман вели дека не жали што ја обвини Барселона за повредата на Френки Де Јонг поради која фудбалерот од средниот ред ќе го пропушти Европското првенство.
„Лалињата“ имаа успешни подготовки за континенталниот собир, но на крајот добија лоши вести, останаа без Френки де Јонг и Туен Копмајнерс.
Френки де Јонг повреден пристигна во кампот на Холандија, Роналд Куман беше подготвен да се коцка и да му даде додатно време да се рехабилитира, но кога се утврди дека фудбалерот од средниот ред нема да се опорави ниту за нок-аут фазата, отпадна од листата.
Селекторот за оваа ситуација ја обвини Барселона и рече дека „каталонците“ превземале непотребен ризик, па сега Френки де Јонг ја плаќа цената.
Тој не отстапува од ваквите коментари, и попладнево изјави: „Не жалам за работите кои ги кажав. Повторно би го сторил истото“.
Роналд Куман потоа им порача на новинарите: „Имам инсајдерски информации, знам нешто повеќе од вас“.